Техеран не ја затвора вратата за преговори со САД

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Иран тврди дека размената на пораки со Вашингтон преку посредници продолжува, но истовремено ги обвинува американските власти дека инсистираат на еднострани барања.

Техеран уверува дека комуникациските канали со САД и натаму се отворени, иако растат стравувањата од повторно избувнување на поширок конфликт.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека Ормускиот Теснец без разлика кога ќр заврши војната, нема да се врати во состојбата во која бил претходно. Тој рече дека Иран и Оман преговараат за пловните рути и управувањето со протокот.

Преговорите за крај на конфиктот се во застој веќе неколку недели. Во меѓувреме, загриженоста кај иранското население од можноста земјата повторно да влезе во целосна војна се зголемува, во период кога во Израел и во САД претстојат важни избори.

Најнови вести