Телефонски разговор Трамп – Путин, еве што се разговарало

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Претседателите на САД и на Русија Владимир Путин и Доналд Трамп, остварија телефонски разговор по неодамнешните посети на американските преговарачи Стив Виткоф и Џаред Кушнер на Москва и Киев. Според помошникот на Путин, Јуриј Ушаков
телефонскиот разговор траел точно еден час и бил конструктивен и многу отворен.

Трамп истакнал дека е пожелно конфликтот да заврши час поскоро, со што веднаш би се отвориле „многу значајни и широки перспективи” за целосно обновување на односите меѓу САД и Русија.

Ушаков истакна дека Путин за време на разговорот рекол дека Русија нема агресивни планови кон Европа и дека тврдењата за руската закана се користат како покритие за зголемување на воените расходи.

Најнови вести