временска прогноза

Температурите паднаа под нулата, попладне сончево до 27 степени

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Управата за хидрометеоролошки работи прогнозира ведро и студено утро, додека во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од минус 2 до 7 степени, а дневната од 18 до 27 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени.

За време на викендот времето ќе биде сончево информираат од УХМР.

Најнови вести