Две лица загинаа, а три се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила рано утрово во десет минути по два часот на локалниот пат од населбата Илинден кон селото Миладиновци, кај базата „Брест“.
Според информациите од МВР, во сообраќајната несреќа учествувале патничко возило „Опел Корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Ф.Т. од Агино Село, Кумановско, и патничко возило „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 51-годишниот А.А. од Марино, Скопско.
На местото на несреќата починале возачот на „Хјундаито“ и неговиот 17-годишен сопатник, двајцата од Марино. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Со тешки телесни повреди се здобиле 19-годишниот возач на „Опел Корсата“, неговиот 19-годишен сопатник Д.Б., исто така од Агино Село, како и 17-годишна сопатничка од возилото „Хјундаи“. Повредените биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што им биле констатирани тешки телесни повреди.
Дежурен јавен обвинител, вешто лице и увидни екипи на МВР извршија увид на лице место на тешка сообраќајна несреќа на општинскиот пат Илинден-Миладиновци, кај полициската база Брест која се наоѓа во склоп на Меѓународниот аеродром Скопје.
Несреќата се случила околу 2 часот по полноќ, кога автомобил Опел корса со кумановски регистарски ознаки, управувано од 19-годишен кумановец се судрил директно со автомобил Хјундаи И30 управуван од 51-годишен жител на Марино.
Во несреќата на лице место починале возачот на возилото Хјундаи и неговиот 18-годишен син, додека потешко повредена е и 18-годишната ќерка. Со тешки телесни повреди се здобил и возачот на корсата и неговиот сопатник на иста возраст, кои биле пренесени во болница во животозагрозувачка состојба.
Јавниот обвинител издаде наредби за обдукција на двете починати лица. Се преземаат дејствија за утврдување на причините за несреќата.