Тимот на Трамп наскоро на средби во Киев и во Москва

Нападната фабриката на Кока - Кола во Киев пред средбите на тимот на Трамп со украински и со руски претставници.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се одредени прелиминарни датуми за посета на американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер на Киев.

„Одредени се прелиминарни датуми. Очекуваме да ги видиме претставниците на претседателот на САД тука во Киев. Тие потврдија дека ќе имаат состанок во Москва и уште еден во Киев. Очекуваме вториот да се одржи во наредните денови“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател исто така, коментираше дека цел на руски удар била фабрика на Кока-Кола во регионот на Киев.

„Денес, Русите нападнаа фабрика на Кока-Кола со дрон. Кока-Кола сега очигледно стана таков непријател за нив што ја напаѓаат со своите „шахеди“. Јасен руски сигнал до Америка – Русите не можат да бидат свесни дека ова е американска компанија“, истакна Зеленски.

Украинa наведува дека во нападот бил употребен „Геран-5″, понова руска верзија на беспилотните летала од семејството „Геран“, развиени врз основа на иранските модели „Шахед”.

Најнови вести