Претседателот Доналд Трамп продолжува да го зголемува притисокот врз украинскиот претседател Володимир Зеленски и побара да склучи договор со Русија.
„Сакаме Зеленски да склучи договор, ако тоа не се случи, мислам дека ќе биде многу лошо. На Украина и дадовме многу. Апсолутно ништо не добивме за возврат освен тага, смрт и огромна парична загуба”, истакна претседателот на САД, Доналд Трамп.
Шефот на Белата Куќа тврди дека Европа е се позаморена од конфликтот, и покрај фактот дека европските земји се обидуваат да надоместат за какво било намалување на американските залихи.