,,Безбеден град” во Тетово го намали бројот на сообраќајки

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Тетово е еден од градовите каде веќе се применува системот „Безбеден град”.  Според податоците, за првите осум месеци од годинава, на подрачјето на СВР Тетово во сообраќајни незгоди животот го загубиле три лица, наспроти девет во истиот период лани. Намален е и вкупниот број на сообраќајни незгоди.

„Ова се резултати што најдобро говорат за придобивките од системот. Кога зборуваме за безбеден град, не зборуваме само за санкционирање на прекршоците, туку пред се за менување на сообраќајните навики, побезбедни улици и спасување човечки животи”, нагласи министерот Тошковски.

Министерот во Тетово оствари средба со ректорот и раководството на Државниот универзитет, го посети и Секторот за внатрешни работи Тетово, каде со раководството разговараше за актуелната безбедносна состојба, предизвиците и резултатите од работењето.

Најнови вести