Годинашните добитници на наградата се Димче Ангелов, Ацо Крстов, проф. Дејан Ангеловски и Ангел Мицевски – Скакар, а наградата за животно дело му беше додела на Трајчо Димков.




На свеченоста свое обраќање имаше и Министерот за спорт, Борко Ристовски кој истакна:
„Зад овие имиња не стојат само медали, рекорди и победи. Стојат децении работа, дисциплина, откажувања и истрајност. Стојат генерации спортисти кои учеле од нив и луѓе кои голем дел од својот живот му го подариле на македонскиот спорт. Како човек кој најголемиот дел од својот живот го поминал во спортот, знам колку е долг патот до еден голем резултат. Знам и дека зад моментот кога македонското знаме се крева на еден голем натпревар стојат илјадници часови работа кои јавноста никогаш не ги гледа.
Но токму тие моменти остануваат. Остануваат како дел од нашата спортска историја, како дел од нашата национална гордост и како доказ дека една мала земја може да создава големи спортисти и големи спортски луѓе“.
Според Ристовски ова признание е повеќе од награда. Тоа е едно големо БЛАГОДАРАМ од Македонија.
За секоја победа. За секоја создадена генерација. За секој момент кога сте направиле да бидеме горди на македонскиот спорт.