САД

Трамп бара смртна казна за секој што ќе убие пожарникар

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека сака да се изрекува смртна казна за секој што ќе убие пожарникар.

Трамп, кој претходно бараше смртна казна за секој што ќе биде прогласен за виновен за убиство на полицаец, ова го изјави за време на ручек во Розовата градина на Белата куќа, организиран во чест на пожарникарските организации, пренесува Ројтерс.

Тој изјави дека му наложил на американското Министерство за правда во вакви случаи да бара смртна казна, особено за „секој што ќе убие пожарникар додека се качува по скала“.

Најнови вести