Трамп ги отфрла сугестиите дека е под притисок да ја заврши војната со Иран пред изборите во САД

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Претседателот Доналд Трамп вели дека САД го погодиле Иран „многу силно“ за време на обновените напади неделава, но рече дека не очекува војната да трае „многу подолго“.

Шефот на Белата Куќа ги отфрла сугестиите дека врз него се зголемува политички притисок да ја заврши војната пред претстојните среднорочни избори во САД.

„Не се кандидирам. Но, мојата партија се кандидира и ќе ѝ помогнам на мојата партија. Мислам дека мојата партија го почитува фактот дека не дозволуваме Иран да има нуклеарно оружје”, истакна Трамп.

На 3 ноември 2026 година Американците гласаат на среднорочни избори на кои се одлучува за контролата врз Конгресот.

Според минатите искуства, секое гласање за сенатор, конгресмен или гувернер се претвора во поширока слика за улогата на претседателот, економијата на земјата, надворешната политика и за насоката во која оди земјата.

Доколку Демократите го преземат Претставничкиот дом, Доналд Трамп ќе се соочи со потешкотии во носењето закони и со можни истраги под контрола на опозицијата. Ако Републиканците ја задржат контролата, претседателот ќе добие простор да продолжи со својата агенда без постојана институционална блокада

Најнови вести