Спор околу Ормускиот теснец

Трамп го отфрли предлогот на Иран за Ормускиот теснец

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Претседателот на САД, Доналд Трамп го отфрли предлогот на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец во рок од една недела доколку САД исполнат одредени услови. Шефот на Белата Куќа вели дека Техеран сакал да склучи договор затоа што „губи лошо“.

„Тие сакаат да склучат договор и мислам дека тоа е во ред. И јас би сакал да склучам договор, но тој договор не би бил прифатлив.“

Иран го затвори Ормускиот теснец откако САД и Израел ја нападнаа Исламската Република кон крајот на февруари, а бројот на бродови што минуваат низ него значително се намали поради иранските закани и нападите врз бродови во водниот пат.

Техеран неделава понуди повторно да го отвори теснецот и да ги продолжи разговорите за својата нуклеарна програма за седум дена доколку САД исполнат одредени усливи. Меѓу условите се укинување на поморската блокада на иранските пристаништа, САД да се откажат од санкциите за продажба на иранска нафта и го почитуваат прекинот на огнот во кој би бил вклучен Либан.

Најнови вести