Војна

Трамп инсистира на енергетски прекин на огнот меѓу Украина и Русија

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп инсистира дека е во сила енергетски прекин на огнот за Украина и Русија, и покрај тоа што украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Москва ги нападнала енергетските објекти на неговата земја.

На прашањето за нападите од Русија во Украина, Трамп рече би требало да ги разгледа информациите бидејќи имало прекршувања од двете страни

Нападите продолжија

Една жена загина, а најмалку пет други лица беа повредени откако руски дрон удри во 25-катна станбена зграда во киевската област Дарницки доцна синоќа, соопшти градската воена администрација.

Претходно во текот на денот, остатоци од руски напади предизвика пожар во приватна станбена зграда во истата област, а најмалку две чица беа повредени.

Украинскиот лидер, Зеленски изјави дека иако Украина е подготвена да ги запре нападите врз енергетската инфраструктура на Русија, Москва продолжила да ги напаѓа енергетските објекти и покрај објавата на Трамп дека завојуваните земји се согласиле да престанат со ваквите напади.

Најнови вести