И покрај длабоките поделби околу имиграцијата и други големи политички прашања, градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, се сретна со претседателот на САД, Доналд Трамп.
Мамдани рече дека ќе „соработува со секој“ кој е подготвен да помогне во ублажување на финансиските притисоци со кои се соочуваат жителите на Њујорк.
„Секој пат кога претседателот и јас разговараме, станува збор за истите теми: како да се подобри животот на жителите на Њујорк и како да се искористи моќта на владата за справување со кризата со трошоците за живот“, рече Мамдани.
Шефот на Белата Куќа, Доналд Трамп рече дека градоначалникот на Њујорк има потенцијал.
“Секако се надевам дека ќе биде одличен градоначалник. Го сакам она што е добро за Њујорк. Го сакам она што е добро за земјата”, рече Трамп.
Средбата се одржа пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде што петседателот Трамп има обраќање денеска.