Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека Украина и Русија се согласиле на она што тој го нарече „енергетско примирје“, кое според неговите зборови стапува во сила веднаш, иако не изнесе дополнителни детали за договорот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не е запознаен со „енергетското примирје“ меѓу Украина и Русија за кое соопшти Трамп, но истакна дека Киев е подготвен да го прифати доколку Москва се согласила на тоа.
„Објавеното прекинување на огнот (во однос на енергетската инфраструктура) е новост за мене. Ако Русите се согласни на енергетско примирје, и Украина е согласна. Ако Трамп го договорил тоа со (рускиот претседател Владимир) Путин, ве молам, кажете ни кога стапува во сила примирјето – ние сме подготвени и ќе го прифатиме“, изјави Зеленски во интервју за порталот „Аксиос“.