Трамп закажал голем број средби пред и за време на Генералното Собрание на Обединетите Нации

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Околу 130 шефови на држави во Њујорк на Генералното собрание на Обединетите Нации.

Средбата е во момент кога поредокот воспоставен по Втората светска војна е на тест, а самите Обединети Нации се соочуваат со остри критики од американскиот претседател Доналд Трамп кој го намали финансирањето од САД за многу од нејзините агенции.

Се очекува Трамп да пристигне во Њујорк денеска попладне за „политички активности“ во Трамп Тауер, објави во петокот американскиот амбасадор во Обединетите Нации, Мајк Валц.

Очекувано, средбите на Трамп ќе бидат фокусирани на американско- израелскиот конфликт со Иран и ризикот од ескалација откако јеменските Хути, поддржани од Иран, ја нападнаа Саудиска Арабија и се закануваат за попречување на транспортот за стоки и услуги.

Се очекува Трамп да ја одржи својата прва средба лице в лице со Делси Родригез, привремената претседателка на Венецуела, откако американската војска го собори поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро.

На агендата на Трамп е и украинскиот претседател Володимир Зеленски Средбата беше објавена вчера на социјалните мрежи.

Се очекува Трамп да одржи одделни билатерални средби со британскиот премиер Енди Бернам, со јапонската премиерка Санае Такаичи, со градоначалникот на градот, демократот Зохран Мамдани.

Во вторник наутро, Трамп ке се обрати пред Генералното собрание на ОН.

Најнови вести