Кумот на САД

,,Трампов теснец”, ,,Океан Трамп”, на идеиите на Доналд Трамп им нема крај

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Претседателот Доналд Трамп рече дека Google Maps го одвратиле да го преименува Атлантскиот Океан во „Трамп Океан”. На митингот во Клемсон, Јужна Каролина, тој појасни дека сериозно размислувал за идејата, но извршниот директор на Google, Сундар Пичаи, го отфрлил од тоа.

„Сакам само два океани, Атлантскиот и Тихиот океан”, рече Трамп. „Нема да го ставам името Трамп или Америка на кој било океан освен тие два. Затоа сериозно размислувавме за Атлантикот и се јавив на Google Maps, кои беа одлични за езерото Америка. Разговарав со еден брилијантен човек,Сундар Пичаи. Тој го води Google и на шега додаде дека Google се уште е „шокиран поради Мексиканскиот залив”, кој е преименуван во Американски залив”. Тој рече: Господине, океаните се друга работа. Тие опфаќаат многу земји. Ве молиме не барајте од нас да го направиме тоа”, истакна Трамп

Шефот на Белата Куќа спомна и други локации чии имиња веќе ги променил, но нагласи и дека не планира да ги менува имињата на реките Хадсон и Мисисипи.

Предлогот за промена на името на океанот е дел од напорите на Трамп да ги ребрендира познатите географски карактеристики. Покрај тоа што ги прекрсти езерото Онтарио и Мексиканскиот Залив во Езеро Америка и Американски Залив, администрацијата на Трамп го врати Форт Либерти на неговото поранешно име Форт Брег и го смени името на највисокиот врв во државата од Денали назад во планината Мекинли. На истиот собир, Доналд Трамп рече дека Ормускиот теснец би можел да биде преименуван во Трампов теснец.

Најнови вести