ТУРЦИЈА

Турски комичар е осуден зошто го „навредил“ Ердоган на настап

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Турскиот комичар Дениз Ѓокташ е осуден во Истанбул под обвинение за „навреда“ на претседателот Реџеп Таип Ердоган и „навреда на верските вредности“ за време на стендап настап во јуни, објавија турските медиуми.

Судијата условно го осуди на 19 месеци затвор, но нареди негово ослободување до завршувањето на судската ревизија и жалбената постапка, по која треба да биде донесена конечна пресуда.

Засега не е познато колку долго би можел да трае овој процес.

Турција, членка на НАТО и кандидат за членство во ЕУ, редовно покренува постапки за дела поврзани со говорот, особено во случаи на наводни „навреди“ на долгогодишниот лидер Ердоган.

Дениз Ѓокташ (32) беше уапсен на 3 јули, една недела откако објави видео од својот настап на Јутјуб, кое беше прегледано речиси девет милиони пати. Неколку дена претходно, и пократките видеа што ги објави на платформата Икс брзо привлекоа големо внимание.

Тој се соочи со повеќе обвиненија поврзани со содржината на неговиот настап „Мртво Море“.

Ѓокташ во неделата на социјалните мрежи се осврна на претстојното судско рочиште, во еден од своите иронични објави што ги сподели од затворската ќелија.

Најнови вести