На удар доцните плодови

УХМР предупредува: Земјоделците навреме да ги соберат плодовите

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Агрометеоролозите од УХМР предупредуваат дека ниските температури и раниот есенски мраз во повисоките предели можат да предизвикаат штети врз земјоделските култури.

Најизложени се подрачјата околу Демир Хисар, Берово и Делчево, каде сè уште има култури во активна вегетација. На удар се пиперките, доматите и компирот, како и доцните сорти грозје што не се собрани.

Агрометеоролозите апелираат земјоделците навреме да ги приберат дозреаните плодови од отворено.

За површините што се подготвуваат за сеидба се препорачува навремена обработка и основно ѓубрење на почвата, со цел да се обезбедат подобри услови за сеидба и задржување на влагата.

Најнови вести