Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека руските сили во последните недели двапати се обиделе да го нападнат неговиот авион со беспилотни летала. Зеленски ја отфрли идејата, поддржана од САД, за решение на војната со Русија од типот „победа за двете страни, наведувајќи дека поради човечките жртви таков исход е невозможен.
,,Да бидеме искрени, во оваа војна нема победа за двете страни. Тоа не е можно поради многуте човечки жртви. Таа престана да биде ситуација на „победа за двете страни” уште првиот ден од војната. Најважната победа за сите – не само за Украина и Русија, туку за целиот свет е мирот, запирањето на војната“, истакна украинскиот претседател Зеленски.
Украина тестира домашно оружје за пресретнување беспилотни летала, а првиот успешен погодок бил забележан во текот на ноќта. Новиот украински систем успешно уништил дрон од типот „Шехед”, но потребни се дополнителни технички подобрувања пред да биде пуштен за поширока употреба.
Зеленски додаде дека паралелно продолжува работата и на други украински тимови кои развиваат нови решенија за противвоздушна одбрана. Од почетокот на руската инвазија во 2022 година, Украина забрзано развива технологии за борба против беспилотни летала, со посебен фокус на дронови
пресретнувачи.