Неовластени хакерски упади во база на податоци на Пентагон довеле до откривање на чувствителни лични информации за 2,76 милиони живи и 294.000 починати лица, меѓу кои и броеви на социјално осигурување и податоци за работните места што ги извршувале. Информацијата ја соопшти американски претставник за одбрана.
Станува збор за систем на Центарот за податоци за работната сила на Министерството за одбрана (DMDC), кој содржи податоци за активни и резервни војници, цивилни вработени, изведувачи, ветерани, пензионирани лица и членови на воени семејства. Базата содржи повеќе од 60 милиони кадровски записи.
Неовластениот пристап траел од октомври 2025 до јули 2026 година, кога била откриена и отстранета безбедносната ранливост. Засега нема докази дека откриените податоци биле злоупотребени, соопштија американските власти. На погодените лица им се понудени услуги за заштита на идентитетот и следење на кредитните активности, пренесе Еј-би-си.