Здравство

Уште една жртва на вирусот Западен нил

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

70-годишен маж викендов починал од западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести, каде се лекувал повеќе од 50 дена. Починатиот бил жител на скопската населба Аеродром.

Според директорот на Инфективната клиника Фадил Цана, хоспитализирани се седуммина, од кои двајца се во критична состојба. Има само еден нов потврден прием од 25 септември.

Бројот на заболени кои се лекуваа на клиниката од западнонилска треска се искачи 68.

Најнови вести