Ухмр најавува студено утро, а во текот на денот сончево до температури до 27 степени.
Во западните планински делови во текот на денот ќе има услови за дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, поизразен долж Повардарието.
Минималните температури ќе се движат во интервал од -1 до 7 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 18 до 25 степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност и слаб ветер од променлив правец. Температурите ќе се движат од минимални 4 до максимални 27 степени.
УХМР најавува дека во петок, во деновите од викендот и во вторник следната недела ќе настапи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни и проследени со грмежи.