Бугарија в недела избира претседател.
Во фокусот на кампањата беа безбедносните прашања, по нападите со беспилотни летала врз трговски бродови во Црно Море.
На изборите учествуваат 27 кандидати. Анкетата објавена од „Маркет линкс”, нотира дека актуелната претседателка Илијана Јотова има поддршка од 47,3 проценти од испитаниците, додека главниот противкандидат, Андреј Ѓуров, поддржан од прозападната опозиција, има 30,6 насто од гласовите.
Илијана Јотова, поранешна новинарка и истакната членка на Социјалистичката партија, во јануари го наследи Румен Радев, кој поднесе оставка од претседателската функција за да учествува на парламентарните избори, по кои стана премиер.
Нејзиниот противкандидат Андреј Ѓуров, поранешен вицегувернер на Бугарската народна банка и поранешен вршител на должноста премиер, застапува цврста евроатлантска ориентација
Иако претседателот на Бугарија има претежно претставничка улога, тој располага со право на вето на законите и е врховен командант на вооружените сили.