БРЕГЗИТ

Велика Британија одново размислува за ЕУ

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

На годишната конференција на владејачката Лабуристичка партија во Ливерпул, британскиот премиер Енди Бернам изјави дека договорот за БРЕГЗИТ постигнат од Конзервативците направил повеќе штета отколку корист. Според Бернам, обидот за повторно членство во Европската Унија е една од опциите што новата британска влада ќе ги разгледува.

Премиерот Бернам најави дека на британско-европскиот самит во ноември ќе бидат разгледани можностите за долгорочниот однос на Велика Британија со ЕУ.

Претходниот премиер Кир Стармер вети дека нема да се враќаат на единствениот пазар или во царинската унија на ЕУ.

Велика Британија на референдумот во 2016 година реши да ја напушти ЕУ, по повеќе од четири децении членство. БРЕГЗИТ потоа беше проследен со повеќегодишни политички и економски последици, како и преговори за новите односи меѓу Лондон и Брисел.

Најнови вести