ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го создадоа и партизираа правосудството

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

СДС И ДУИ го партизираа правосудството, а денес нивните кадри ги штитат нивните блиски и нивните интереси, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ги посочи судиите кои, како што рече, работат во интерес на Социјалдемократската партија.

Тој додаде Добрила Кацарска, судијката која изрече вкупно 211 години затвор за случајот 27 април, денес продолжува, како што кажа, да работи во интерес на СДС.

Манасиевски го посочи и Наќе Георгиев, кој во периодот на власта на СДСМ, напредуваше до Врховниот суд, а потоа стана и член на Судскиот совет.

Во партиската прес-конференција беше спомената и Вилма Русковска, обвинителката која го застапуваше обвинението за 27 април и стана еден од главните симболи на обвинителството во времето на СДС и на ДУИ, велат од владејачката партија.

Во продолжение целата изјава на Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести