Уште едно лице почина од вирусот Западен Нил во земјава, со што вкупната бројка се искачи на осум починати. Станува збор за 70 годишен маж од Драчево. Пациентот бил во критична состојба, приклучен на респиратор.
Вчера Институтот за јавно здравје потврди уште два нови случаи.
Во земјава досега има 58 потврдени случаи и осум починати од кои сите се мажи.
Година, според премиерот Христијан Мицкоски, е натпросечна година кога станува збор за инфекција од Западнонилска треска насекаде во Европа. Тој појаснува дека годинава овој здравствен предизвик е особено изразен на европско ниво и не е специфичен само за земјава.
Повеќе од илјада локално стекнати инфекции со вирусот Западен Нил се регистрирани низ цела Европа од почетокот на сезоната на пренос оваа година, според Европскиот центар за превенција и контрола на болести.