ВЛАДА: Возачот што примил мито е уапсен, со ова се покажува дека Законите важат за сите

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Лицето со иницијали Д.Ц. е уапсено за примање поткуп, на претходно обележани парични средства, по што е лишен од слобода, информираат од Влада во врска со случајот со притворениот возач и нагласуваат дека целата акција е дел од заложбите за бескомпромисна борба против корупцијата.

Истото лице работело како возач за потребите на Генералниот секретаријат на Владата. На 4 септември 2026 година, Д. Ц. е затекнат при примопредавање на 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра, кои претходно биле обележани.

-Со овој случај се покажува дека Законите важат за сите, се докажува волјата и целта на Владата да се бори против корупцијата. Со ова се подвлекува јасна граница помеѓу оние кои сакаат злоупотреби и сите други кои се борат против нив. Ова е уште еден пример како преку заедничка соработка на органите и институциите може да се спроведе правда, додаваат од Влада.

Најнови вести