Напредни технологии

Владата на САД пресече: СТОП за кинеската Вештачка Интелегенција

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Владата на САД им нареди на своите агенции да престанат да користат алатки за вештачка интелигенција развиени од кинескиот стартап „DeepSeek”.

Министерството за внатрешна безбедност издаде директива со која се забрануваат производите на „Deep Seek”, како и алатки од трети страни кои се засноваат на нивната технологија. Во директивата се наведува дека овие алатки мора да се отстранат од сите Ај-ти уреди во владините агенции.

Министерството предупредува дека користењето на алатките за вештачка интелигенција на „Deep Seek”, може да доведе до пренос на чувствителни податоци во Кина, доколку ги користат вработени во американската влада или нејзини добавувачи.

Надлежноста на ова министерство ги опфаќа цивилните агенции, но не и војската или разузнавачките служби.

„DeepSeek” е една од водечките кинески компании за вештачка интелигенција.

Најнови вести