По обелоденување на сите информации за проектот за прослава на 35 години независност и согледување на фактите дека нема ништо спорно и ништо незаконски, СДС, Венко Филипче и нивните контролирани пера треба да ѝ се извинат на јавноста што ја лажеа, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според владејачката партија излегло на површина, како што велат, тоа дека Венко Филипче и СДС се и против независноста и се антимакедонски елемент. Тие се срамат од помислата да имаме горд и среќен народ.
„Таквата нивна позиција ја следат оркестрирани пера од СДС, кои против поединци и уметници водат организирана хајка.
Тука ќе ја видите сета немоќ и одработување за туѓи интереси. Попладне Венко се бори против некаква српска свест, а втората половина се бори за заштита на турбо-фолк и негов влез“, стои во соопштението испратено до медиумите.