политика

ВМРО-ДПМНЕ: Честитки за коалицијата СДС–ДУИ, Кузеска толку се грижи дали ДУИ ќе победи во Брвеница, а притоа СДС воопшто нема свој кандидат во вториот круг

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

ВМРО-ДПМНЕ со реакција на прес-конференцијата на СДСМ велат откако СДС остана без свој кандидат, од каде толкава загриженост за изборниот резултат на ДУИ?

-Наместо СДС да се грижи за сопственото членство и да зборуваат за сопствената политика и поддршка, СДС се грижи за ДУИ. СДС се занимаваат со се освен за сопствениот дебакл кој го доживееа во Брвеница. Граѓаните им испратија јасна порака на Филипче и СДС во Брвеница. Филипче и СДС се обидуваат да најдат утеха во пласманот на четвртото место. СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и се радува на поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Брвеница. Кога СДС нема кандидат во финалната трка, а толку внимание посветуваат на тоа дали ДУИ ќе победи, тогаш нека се изјаснат јавно за граѓаните да знаат кој за кого навива и чии интереси всушност од СДС се бранат?, велат од владејачката партија.

Честитки коалиција СДС- ДУИ, додаваат во соопштението.

Најнови вести