ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ со различни ставови за дата центрите

СДСМ обвинува за нетранспарентен процес, според ВМРО-ДПМНЕ, Филипче напаѓа се што е добро за државата

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Венко Филипче и СДС напаѓаат се што е добро за државата, секоја идеја, секој проект, иста е ситуацијата и со дата центрите. Ширењето на лаги и хистерија не изостанува, обвинуваат од владејачката партија.

„Идејата за развој на овој вид на индустрија ја напаѓаат со некои работи кои датираат од повеќе од пред една декада. Сега Македонија е пазарна економија и јасен е начинот на постигнување на цената на струјата и кој ја плаќа истата. Исто така сега има низа на начни за ладење на водата кои зависат од тоа за што се наменети дата центрите, изјави Миле Лефков.

Но од ВМРО-ДПМНЕ се децидни оти, Владата нема да дозволи развојот на оваа индустрија да влијае на квалитетот на
живот кај граѓаните.

СДСМ БАРА ДА СЕ ОБЈАВАТ ИНВЕСТИТОРИТЕ СО КОИ ПРЕГОВАРА ВЛАДАТА

Мицкоски јавно вели дека процесот е отворен и транспарентен а самиот признава дека Владата преговара со 5-6 инвеститори зад затворени врати, возвратија од СДСМ на прес-конференција. Обвинуваат оти не се објавува кои се инвеститорите со кои се преговара ниту пак на кои компании според партијата ќе им се поклонува вода, земја и огромни количества струја.

„Не кажува колку струја и колку вода ќе трошат дата-центрите. Не кажува дека земјоделците може да немаат вода за нивите и дека граѓаните ќе плаќаат повисока цена за струјата. Македонија нема ресурси за експерименти зад затворени врати. Особено не со водата. Во држава во која граѓаните веќе се соочуваат со проблеми со водоснабдувањето, загадени реки и труења во Гостивар, власта планира огромни потрошувачи на вода без да ги објави основните анализи. Истото важи и за струјата,“ изјави Маја Борозан.

Социјалдемократите обвинуваат дека немаат ништо против нови инвестиции кои носат развој, работни места и нови технологии, но тие според партијата мора да бидат во интерес на земјата, а не ресурсите на Македонија да се ставаат во функција на туѓи интереси.

Најнови вести