Владејачката партија реагира на одлуките на Врховниот суд каде беа укинати пресудите за несреќата кај Ласкарци и за екс градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.
16 лица загинаа, а нема одговорни. Исто како што во правосудниот систем нема одговорност и за запалената модуларна болница на Венко Филипче, каде живи гореа луѓе. Во која друга држава и при кое друго судство може да загинат над 30 луѓе, а да нема виновни?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека во исто време, на слобода е пуштен и Стевчо Јакимовски, кој беше правосилно осуден за криминал и според партијата ова е сè што треба да се знае, како што велат, за судството водено од ДУИ и СДС, со 2 отсто доверба.
Според ВМРО-ДПМНЕ Врховниот суд на Африм Фидани нанесува срам на правдата во Македонија и според нив сега станало јасно дека инсталациите на СДС и ДУИ во правосудниот систем сè уште се активни.
Затоа талогот останува најдолу, стои во соопштението