Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на одбележувањето на 17 Октомври, Денот на Командата за операции.
Укажав на потребата од постојано унапредување на одбранбените капацитети и одржување на високото ниво на подготвеност на Армијата, посочи шефицата на државата.
„За мене, членството во НАТО, усогласувањето со стандардите на Алијансата и учеството во заедничките активности се потврда дека нашата Армијата е кредибилен и доверлив сојузник, а јасните критериуми и доследното вреднување на постигнатото треба да бидат принципи и во процесот на европската интеграција. Ја истакнав улогата на припадниците на Командата за операции во справувањето со природни непогоди, пожари и други кризни состојби.
На припадниците на Армијата им оддадов признание за нивната професионалност, посветеност и подготвеност за исполнување на задачите, изразувајќи очекување дека и натаму ќе ги надградуваат своите способности и ќе ја оправдуваат довербата на граѓаните“, посочи Сиљановска-Давкова.