Европската перспектива на Македонија, актуелните геополитички и безбедносни предизвици во Европа и регионот, продлабочување на политичката и економската соработка меѓу Словенија и Македонија, тема на средбата во Њујорк меѓу премиерите Јанез Јанша и Христијан Мицкоски.
Шефот на македонската влада дециден оти земјата останува посветена на европската иднина и на реформите кои носат подобар живот за граѓаните. Мицкоски го повторил ставот за европската интеграција, вели таа мора да се темели на заслуги исполнети критериуми и реални резултати, а не на нови билатерални условувања кои немаат суштинска врска со европските вредности.
„Не бараме привилегии и не бараме пократок пат. Бараме фер и предвидлив процес во кој постигнатото ќе се вреднува, а Македонија ќе биде почитувана како држава и партнер“. Словенија е наш долгогодишен пријател и важен партнер во Европската Унија и НАТО. Заеднички интерес е ова пријателство да го преточиме во уште посилна економска соработка, повеќе инвестиции и конкретни проекти кои ќе создаваат нови можности за граѓаните и стопанството. Македонија нема да стои во место додека го чекори европскиот пат. Ќе продолжиме да ја развиваме економијата, да ги спроведуваме реформите, да ги зајакнуваме нашите меѓународни партнерства и достоинствено да ги браниме македонските национални интереси. Градиме пријателства, создаваме можности и работиме Македонија да биде економски посилна и почитувана држава“. порачал премиерот Мицкоски на средбата со словенечкиот колега Јанша.