Во Собранието денеска ќе се одржи доделувањето на државната награда „11 Октомври“, највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес.
Наградата се доделува како признание за исклучителни достигнувања и долгогодишен придонес во развојот на општеството, науката, културата и економијата.
Државната награда „11 Октомври“ го носи името на празникот посветен на почетокот на народното востание во Македонија во 1941 година.