Во Собранието денеска седница на пратенички прашања

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Собранието денеска ќе ја одржи 124. седница на кои ќе бидат поставувани пратенички прашања. На последниот брифинг со новинарите Спикерот Африм Гаши посочи дека нема да присуствува Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во работна посета на Соединетите Американски Држави и учествува на 81. Генерално Собрание на Обединетите Нации.

Претседателот на Собранието потенцираше дека пратениците можат да ги постават прашањата во писмена форма до Премиерот и оти тие ќе им бидат дополнително одговорени.

Најнови вести