Закони со европско знаменце

Во Собранието жестока дебата за измени на законот за животна средина

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Предложените измени на Законот за животната средина во Собранието наиде на жестока дебата и остри реакции кај граѓанските организации и опозицијата.

Според „Зелен хуман град”, со измените се предлага бришење на членови од Законот, кои се однесуваат на идентификација, управување и санација на контаминирани подрачја и предупредуваат дека на овој начин ослабуваат механизмите за заштита од загадувањето, тоа би можело да предизвика сериозни последици врз животната средина и здравјето на луѓето.

Критичарите предупредуваат дека со бришењето на клучните еколошки механизми и олеснувањето на условите за тешка индустрија во близина на населени места се загрозува здравјето на граѓаните и се отвара врата за профит.

Главните забелешки се однесуваат на можноста за повторно доближување на тешката индустрија до населени места,
слабеењето на механизмите за справување со контаминирани локации и намалувањето на просторот за јавен и институционален надзор.

Предложените измени на Законот добија по осум гласа ,,ЗА” во комисијата за европски прашања и во законодавно-правната комисија. Пратениците од комисиите го квалификуваа законот како „прифатлив од аспект на неговата усогласеност со правото на ЕУ” и препорачаа „да се даде на натамошно читање”.

Најнови вести