Војната во Украина продолжува, Путин вели нема основ за конфликт со Европа

На удар одново цивилна инфраструктура во Украина, војната и натаму интензивна. Киев возвраќа со долг дострел на руска територија.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Рускиот претседател Владимир Путин уверува дека во моментов нема никакви основи за каков било конфликт со Европа. Шефот на Кремљ дециден, какво било распоредување на европски трупи во Украина би значело војна против Русија.

„Тие го плашат своето население со наводна закана од Русија, закана што потекнува од советската ера. Но, таква закана не постои, ниту пак некогаш постоела. Ние не им се закануваме на европските земји, ниту пак имаме намера да го сториме тоа. Впрочем, никој ниту за момент не размислува за тоа дека немаме никакви основи за каков било конфликт со Европа“, истакна шефот на Кремљ.

Нови напади се регистрирани во повеќе украински региони, вклучително и врз Киев. Десетици лица се повредени откако руски ракети погодија станбена зграда во Одеса. Украинските медиуми објавија дека со беспилотни летала ноќтава наводно таргетирале повеќе индустриски и воени цели во руски градови.

Најнови вести