На 23.10.2026 во 14:20 часот во СВР Скопје, С.А.(51) од Скопје, вработена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, пријавила дека околу 12:40 часот во кругот на клиниката, додека извршувала работни задачи, се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплексот.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и запознаен е трудов инспектор, информираат од МВР.