Зградата на „Нова Македонија“ повторно доби електрична енергија по проблемите предизвикани од поплавата пред неколку дена. Вработените од денеска се враќаат на работа во просториите на зградата.
Во објектот се сместени Министерството за образование и наука, Министерството за локална самоуправа, Министерството за јавна администрација, Државниот просветен инспекторат, Комисијата за заштита на конкуренцијата и Управата за водење на матичните книги.
Прекинот на електричната енергија следуваше по поплавата, поради што работењето во објектот беше отежнато.
По навлегувањето на водата и ризикот за електричните инсталации, од безбедносни причини беше исклучена електричната енергија во целиот објект, а во прекин беа и лифтовите, компјутерските системи и серверите.
Владата за состојбата настаната како последица на техничката хаварија во зградата на „Нова Македонија”, во која се сместени осум државни институции, препорача да го реорганизираат своето тековно работење односно вработените привремено да ги извршуваат своите работни обврски преку работа од дома, без физичко присуство во зградата.