Втор ден од тридневното гласање за пратеници во Државната дума како и за гувернери во 11 региони.
На изборите за Државната дума првпат учествуваат и жители на анектираните украински територии што Русија ги анектираше во 2022 година – Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон. Укринскиот претседател Володимир Зеленски побара меѓународната заедница да не ги признава изборните резултати.
Според руската Централна изборна комисија, излезноста на првиот ден изнесувала 25,30 проценти, додека повеќе од 2,8 милиони луѓе гласале преку платформата за електронско гласање.
Шефот на Кремљ, Владимир Путин вели дека изборите се референдум за поддршката на војната со Украина. Единствената регистрирана партија што ги критикуваше борбите во соседството беше отстранета од гласачкото ливче.