предизборнa кампања во србија

Вучиќ од Лазаревац: Блокадерите не ги интересира ниту прашањето за Косово и Метохија би вовеле санкции кон Русија

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Носителот на листата „Обединета Србија“, Александар Вучиќ, вечерва на предизборниот собир на оваа листа во Лазаревац изјави дека неговите политички противници од Студентската листа не се заинтересирани за економскиот раст на Србија, ниту за прашањата од национален интерес, како што се Косово и Метохија и односите со Русија.

„Тие успеаја да заведат дел од тие луѓе, до таа мера што тие луѓе денес повеќе ги сакаат и се подготвени да ги поддржат сите, од Албин Курти до Мило Ѓукановиќ, и да одат против сопствената земја, бидејќи мислат дека со тоа ќе направат нешто добро за својата земја“, рече Вучиќ.

Тој се осврна и на одговорот што претставник на Студентската листа го дал во врска со воведувањето санкции кон Русија.

„Видовте ли кога Ана Брнабиќ пред некоја вечер го праша нивниот главен блокадер, еден од главните, Бауцал: ‘Добро, дали ќе воведете санкции кон Русија?’ Слушнете го неговиот одговор. Тој вели: ‘Па не, нашиот став е дека тоа не би било добро, но знаете, од друга страна, имаме обврска кон Европската Унија да се усогласуваме со нејзините одлуки’“, рече Вучиќ.

Тој истакна дека ваквиот одговор укажува само на едно – дека тие, доколку дојдат на власт, би вовеле санкции кон Русија.

„Четири и пол години, како претседател на Србија, ги издржував сите притисоци, а најголемиот дел од товарот беше на мојот грб. Но, не воведовме санкции кон Руската Федерација и останавме доследни на политиката на почитување на нашето самостојно и независно одлучување. Не разбирам зошто не кажете што навистина мислите и што правите“, рече Вучиќ.

Најнови вести