Вучиќ ќе поднесе оставка на 27 септември

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе поднесе оставка во недела, на 27 септември, по враќањето од Њујорк. Првиот човрк на Србија изјави дека бил претседател кој чувствувал огромна гордост и дека верно, лојално и чесно и служел на својата земја.

Тој додаде дека неговите политички противници самите тврдат оти се многу блиску до победа, напоменувајќи дека треба да се почека 25 октомври, датумот одреден за предвремените парламентарни избори.

Александар Вучиќ нагласи дека ќе се бори за гласовите на луѓето кои веруваат во напорна работа и ги отфрлаат невистините и лагите.

„Верувам дека во Србија има многу луѓе на кои им е важна нивната иднина и кои веруваат дека ни е потребен сериозен и одговорен пристап, а не лекомислен и неодговорен”, рече Вучиќ за Радиото Белград – 1.

Најнови вести