Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска објави дека ќе донесе одлука за помилување и аболиција за некои лица за настаните од изминатата година и пол, без да прецизира поименично за кого ќе се однесува.
Вучиќ, кој претходно најави дека вечерва ќе поднесе оставка, за РТС изјави дека се уште работи на одлуки за помилување и аболиција.
„Мислам дека дел од луѓето учествуваа во се што се случи во земјата во последната година и пол, од двете страни. Многумина ќе бидат изненадени од помилувањата и аболицијата“, рече тој и додаде дека една одлука ќе важи за оние кои имаат осуда, а друга одлука за оние кои немаат осуда.
„Верувам дека ова ќе придонесе и за помирен живот и подобро дружење за сите“, рече Вучиќ.
Доколку Вучиќ, поднесе оставка од функцијата претседател на Србија тој автоматски ќе биде заменет од Ана Брнабиќ, вршител на должноста претседател на Собранието. Таа ќе стане третата жена во Србија која би била вршител на должноста претседател, по Наташа Мициќ и Славица Ѓукиќ Дејановиќ, и првата личност што ги извршува трите најважни функции во Србија.