Вучиќ се сретнал со Лавров во Њујорк: Ја истакнав принципиелната позиција на Србија, која останува посветена на мирот

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретнал со министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, во седиштето на Обединетите нации

Отворен и содржаен разговор со министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, за енергетската безбедност во контекст на општата глобална криза во овој сектор. Притоа, изразив надеж дека до крајот на септември ќе потпишеме нов договор за гасниот аранжман со Руската Федерација.

Разговаравме и за билатералните односи, зајакнувањето на економската соработка, како и за геополитичките случувања во светот и значењето и улогата на ОН во сложеното глобално опкружување, објави Претседателот Вучиќ.

„Претседателот на Србија ја истакнал принципиелната позиција на Србија, која останува како што вели, посветена на зачувувањето на мирот, стабилноста и почитувањето на меѓународното право како единствен пат за надминување на предизвиците“.

Најнови вести