ЗАГИНА 17-ГОДИШНА ДЕВОЈКА: МВР со детали за стравичната сообраќајка на патот Битола- Прилеп

Сообраќајна нсереќа со трагичен крај е регистрирана во полицискиот билтен. 17- годишна девојка починала на местото на немилиот настан.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

На 19.09.2026 во 18:29 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола- Прилеп, кај место викано „Туланата“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел” со битолски регистарски ознаки, управувано од Е.Ф.(28) од с.Канатларци, прилепско и патничко возило „форд” со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(48) од с.Долно Српци, општина Могила. На местото на настанот починала 17-годишна сопатничка од возилото „опел“, а смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Битола, информираат од МВР.

Возачот на возилото „опел“ Е.Ф., како и 44-годишната Д.Н. и седумгодишно дете од с.Долно Српци, сопатници во возилото „форд“ се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола, а со повреди се здобил и возачот М.Н..

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

Најнови вести