предвремени локални избори

Затворени гласачките места: Во Брвеница излезноста 44,57

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Излезноста на предвремените локални избори во општина Брвеница до 18:30 часот изнесува 44,57 проценти, правото на глас го оствариле 7.241 граѓани, информираше Државната изборна комисија.

Според податоците од сите 24 избирачки места во општината, гласањето се одвива непречено.

Од ДИК информираат и дека до моментот на пресекот во 17 часот биле поднесени вкупно седум приговори, од кои два се усвоени, по што на избирачите им било овозможено да го остварат своето право на глас.

Во Избирачкиот список во десетте населени места во Брвеница се запишани 16.256 избирачи од кои 449 се на привремена работа во странство.

Од комисијата информираат дека за граѓаните со право на глас во Брвеница е достапна бесплатната телефонска линија 0800 555 44, на која можат да добијат информации поврзани со остварувањето на избирачкото право.

Најнови вести