Заврши средбата Муцунски- Петрова – Чамова, Софија бара временска рамка

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Македонија е целосно усогласена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, а според досегашното искуство и резултатите, се докажа како одличен кандидат за членство, истакна министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски на средбата со министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова-Чамова, на маргините на Меѓународната конференција за Коридорот 8 во Софија.

“Најголема желба на Македонија е нејзиниот пат кон Европската Унија и полноправното членство да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата или минатото. Проширувањето е и отсекогаш било политичка одлука, донесена од земјите-членки со консензус. Ние ќе го направиме својот дел. Ќе бидеме одговорни. Ќе бидеме проактивни во наоѓањето решенија за проблемите, но решението никогаш не зависи целосно од нашата земја“, порача Муцунски.

Петрова-Чамова пак, побарала временска рамка до кога Македонија ќе го исполни условот од Европската Унија.

„Министерката Петрова ја потврди поддршката на Бугарија за европската перспектива на Македонија, заснована на принципот на поединечни заслуги. Во тој контекст, таа побара информации за временската рамка во која Република Северна Македонија планира да ги исполни обврските утврдени во европскиот консензус од 2022 година – обврски неопходни за почеток на преговорите за пристапување на земјата во ЕУ”, стои во соопштението од бугарското МНР.

Двете страни се согласиле да одржуваат отворена комуникација за прашања од заеднички интерес на соодветните нивоа. стои во соопштението на бугарското МНР.

Најнови вести