Украинскиот претседател Володимир Зеленски во онлајн телевизиско интервју од Киев за NBC News, предупреди дека формалното застанување на САД на страната на рускиот претседател Владимир Путин би било историска грешка, но додаде дека сака да му верува на американскиот претседател Доналд Трамп.
“Секако дека и веруваме на Америка. Веруваме во двопартиската поддршка и му веруваме на претседателот на Соединетите Американски Држави. Сакаме да му веруваме и се надевам дека ќе ги промени своите одлуки. Бидејќи мислам дека сето тоа се грешки и нема да ни помогнат. И нема да им помогне на Соединетите Американски Држави, сигурен сум. Но, тоа не е мој избор. И се надевам дека ќе ги промени своите одлуки, ќе го промени својот став кон Путин. Чекавме од самиот почеток на неговиот претседателски мандат дека ќе го промени својот став кон Путин. Не можеме да се споредуваме со Русија. Не можеме да се споредуваме со Путин. Тој е агресор. Не окупираше. Убиваше возрасни и деца, своите војници. Тој е терорист. И затоа се надевам дека претседателот Трамп ќе биде многу јасен со овој став”, истакна Зеленски за NBC News.
Украинскиот претседател е свесен ако САД официјално застанат на страната на Русија, секако Украина не може да преовлада на фронтот и нема да може да издржи. Зеленски се надева дека американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот тим ќе бидат и натаму на страната на Киев.
Загриженоста на Володимир Зеленски следува откако американскиот претседател Доналд Трамп реши САД да набавуваат руски дизел и воедно ги стопираше дел од санкциите за Москва.