Украинскиот претседател Володимир Зеленски зборуваше на Генералното собрание на Обединетите нации. Во говорот, го нарече рускиот претседател Владимир Путин „нулти пациент“ за ширење војна и нестабилност и истакна дека колку повеќе слобода му се дава, толку поопасен станува светот за сите други.
„Секогаш нешто го спречува Путин едноставно да каже, тоа е тоа. Доста. Мир. 17 милиони квадратни километри од неговата сопствена територија, меѓународно призната од сите вас, треба да биде доволно за овој човек. Путин секогаш бара некој што може да му помогне да убие повеќе, да заземе повеќе територија, наместо едноставно да запре и да ја води сопствената земја. После сето ова, можете ли воопшто да го замислите без војна? Тој е ,,нултиот пациент”, оној од кого оваа идеја за војна продолжува да се шири и каде и да се шири, носи само болка, нестабилност, нови ризици и, секако, нова криза. Колку повеќе слобода има Путин да дејствува, толку поопасен станува светот за сите други“, истакна украински претседател во говорот на 81.Генерално собрание на Обединетите Нации.
Володимир Зеленски рече дека доколку Русија продолжи да го таргетира украинскиот енергетски систем, за Украинците претстојната зима може да биде многу сурова. Тој потенцираше дека Киев нема друг избор освен да ја направи зимата болна и за Русија.